Шпанија пријави уште 1.500 новозаразени со коронавирусот, истиот ден кога земјата беше ставена во целосен карантин. Вкупната бројка заразени сега изнесува 9.191, а има и 309 починати.
Шпанските медиуми објавија дека премиерот Педро Санчес имал негативен тест на коронавирус, за разлика од неговата сопруга.
Шпанците од денеска смеат да излегуваат надвор само по храна и лекови или за некоја итна ситуација. Оние што ќе ги прекршат мерките на карантин се соочуваат со казна меѓу 100 евра и 600.000 евра, односно со затвор од три месеци до една година.
Премиерот Педро Санчес ја презеде целата власт во државата, откако досега регионите имаа свои овластувања во здравството и безбедноста. Во сегашните околности, државата доби можност да го преземе и приватното здравство, чии капацитети исто така ќе бидат искористени за лекување на пациентите со коронавирус.
Од шпанската влада веруваат дека карантинот ќе трае и подолго од првичните 15 дена.
Во светот сега има над 6.500 починати од коронавирусот.