ВО ШРИ ЛАНКА УАПСЕНИ МОНАСИ СО 110 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ПРОНАЈДЕНИ ВО НИВНИОТ БАГАЖ

    ВО ШРИ ЛАНКА УАПСЕНИ МОНАСИ СО 110 КИЛОГРАМИ КАНАБИС ПРОНАЈДЕНИ ВО НИВНИОТ БАГАЖМонасите, кои биле претежно студенти, се враќале од Тајланд кога биле фатени (Фото: Гети)

    Дваесет и двајца монаси се уапсени на аеродром во Шри Ланка откако царинските службеници откриле 110 килограми канабис скриен во нивниот багаж. Тие изјавија дека кај секој монах биле пронајдени околу пет килограми куш, моќна форма на канабисот, скриени во „лажни ѕидови“ во нивниот багаж кога пристигнале во главниот град Коломбо.

    Монасите, кои биле претежно студенти, се враќале од Тајланд откако биле на четиридневен одмор со сите платени трошоци од неименуван спонзор.

    Уште еден монах, за кого се верува дека го организирал патувањето, подоцна бил уапсен во предградие на Коломбо. Според портпаролот на полицијата, монахот, кој не бил на патувањето, им рекол на другите монаси дека „пакетите се донација“ и дека ќе дојде комбе за да ги преземе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира