ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО КАНАДА ИЗГОРЕ ПОВРШИНА ПОГОЛЕМА ОД КУБА

    ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО КАНАДА ИЗГОРЕ ПОВРШИНА ПОГОЛЕМА ОД КУБАСе проценува дека Канада се загрева двојно побрзо од остатокот од светот. (Фото: П. Линг)

    Трет пожарникар загина во Канада додека земјата се соочува со најлошата сезона на шумски пожари досега. Досега оваа сезона, шумските пожари во Канада изгореа околу 30 милиони хектари земја – повеќе од површината на Јужна Кореја или Куба.

    Властите велат дека пожарникарот загинал при справувањето со пожарот во близина градот Форт Сент Џон, во Британска Колумбија.

    Жителите се евакуираат на југот на Британска Колумбија во близина на границата со САД, бидејќи пожарите излегуваат од контрола. Третина од сите пожари кои моментално беснеат во Канада се во Британска Колумбија.

    Доцна синоќа, на жителите во градот Осојос и неговите околни области им било кажано да се евакуираат, откако пожарот што почна во северозападната американска држава Вашингтон преминал во Канада.

    Околу 613 од 990-те пожари кои моментално се активни во Канада се сметаат за надвор од контрола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира