ВО ШВЕДСКА 15-ГОДИШНИЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И БЕЗ ДОЗВОЛА ОД РОДИТЕЛ

    ВО ШВЕДСКА 15-ГОДИШНИЦИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ И БЕЗ ДОЗВОЛА ОД РОДИТЕЛ16 и 17-годишниците во Шведска веќе може да се вакцинираат без дозвола од родител. (Фото: СДК.МК)

    Шведските локални власти одлучија да им дозволат на 15-годишниците да се вакцинираат против ковид-19 и без дозвола од родителите. Шведската асоцијација на локални власти и региони (СКР) соопшти дека ги смета 15-годишниците за доволно зрели сами да одлучат дали ќе се вакцинираат.

    Во Шведска, вакцинирањето на деца од 12 до 15 години треба да почне од 11 октомври. 16 и 17-годишниците веќе може да се вакцинираат без дозвола од родител. За децата под 15 години, СКР вели дека ќе биде потребна пишана дозвола од родителите, но во одредени случаи, здравствените власти ќе можат да направат индивидуална проценка на зрелоста на детето и да одат против желбите на родителите.

    Здравствените власти во Шведска им даваат на децата да пополнат прашалници со разни прашања за нивното здравје и така го тестираат нивното разбирање што значи да се вакцинираш против ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира