ВО СОЛУН ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ, НЕКОИ ВЕРУВААТ ДЕКА СОДРЖАТ ЧИП ЗА КОНТРОЛА НА УМОТ

    ВО СОЛУН ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ НОВИТЕ ЛИЧНИ КАРТИ, НЕКОИ ВЕРУВААТ ДЕКА СОДРЖАТ ЧИП ЗА КОНТРОЛА НА УМОТновите лични карти поттикнаа теории на заговор (Фото: АМНА)

    Околу 5.000 луѓе вчера мирно протестираа во Солун поради новите лични карти што во Грција ќе се воведат овој месец. Тие ќе ги содржат истите информации како досегашните, а единствената новина, типот на крвна група, нема да биде задолжителна.

    Сепак, новите лични карти поттикнаа теории на заговор, па некои Грци сметаат дека тие содржат чип што ќе им овозможи на властите во секој момент да ја знаат локацијата на луѓето и дури да им го контролираат умот. Мнозинството од противниците се длабоко религиозни.

    Премиерот Кирјакос Мицотакис неодамна изјави дека личните карти нема да содржат никаков чип, камера или уред за прислушување.

    Некои свештеници на Грчката црква ги охрабруваа луѓето да излезат на протест. Следниот викенд ќе се протестира и во Атина.

    Новите лични карти, кои се во согласност со нормите на ЕУ, ќе станат задолжителни од август 2026.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира