ВО СРБИЈА НАД 500.000 ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВО НИШ СЕ ДАВААТ ДО 1.500 ДОЗИ НА ДЕН

    ВО СРБИЈА НАД 500.000 ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, ВО НИШ СЕ ДАВААТ ДО 1.500 ДОЗИ НА ДЕНВластите кажаа дека во вторник почнува масовно ревакцинирање на граѓаните (Фото: Танјуг)

    Повеќе од 500.000 жители на Србија досега примиле вакцина против ковид-19, а милион луѓе изразиле желба да се вакцинираат, изјави директорот на Канцеларијата за информациски технологии Михаило Јовановиќ.

    Србија ја спроведува една од најбрзите имунизации против ковид-19 во Европа и по глава на жител, има помала стапка само од Велика Британија.

    „Првата доза ја примиле 508.000 граѓани на Србија, а 19.000 се вакцинирани и по вторпат. Во вторник почнува масовно ревакцинирање на граѓаните“, изјави Јовановиќ.

    Тој кажа дека Ниш е водечки град во Србија според бројот на вакцинации.

    „Во Ниш се вакцинирани околу 30.000 жители, што е 20% од полнолетното население. Дневно се вакцинираат меѓу 1.000 и 1.500 граѓани“.

    Премиерката Ана Брнабиќ најави дека Србија наскоро ќе добие вакцини и од четврти производител, не прецизирајќи кој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира