ВО СРБИЈА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО, КАЖА ВУЧИЌ ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО НОВИ САД ГО ОБОИЈА ПЛОШТАДОТ ВО ЦРВЕНО

    ВО СРБИЈА НЕМА ДА СЕ СЛУЧИ МАКЕДОНСКО СЦЕНАРИО, КАЖА ВУЧИЌ ОТКАКО ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО НОВИ САД ГО ОБОИЈА ПЛОШТАДОТ ВО ЦРВЕНОНа 5 мај 2016 година, Плоштадот Македонија беше обоен во црвено од демонстрантите, кои оставаа и црвени отпечатоци од раце. (Фото: СДК.МК)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија нема да се случи „македонско сценарио“, откако на протест во Нови Сад беше обоен плоштад во црвено.

    Протестот во Нови Сад беше по повод еден месец од несреќата на тамошната железничка станица во која загинаа 15 лица, а двајца тешко повредени сè уште се во болница. Во центарот на градот, Плоштадот на слободата беше обоен во црвена боја, а дел од демонстрантите оставаат отпечатоци од „крвави раце“, кои станаа симбол на протестот.

    За тоа, Вучиќ кажа дека е копија на шарената револуција во Скопје.

    „Мислите дека генијално тоа што ги обоиле бехатон плочките во црвено, кои нема да можат целосно да се исчистат? Мислите дека тоа е нивна идеја? Пронајдете снимка од 2016 година, потполно исто сценарио во Северна Македонија. На потполно ист начин го обоија главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот е секогаш ист, а жртва се народите над кои се спроведуваа шарените револуции. Во Србија тоа нема да го има, бидете уверени“, кажа Вучиќ, зборувајќи по конференцијата „Србија-Африка 2024: Достоинство“ во Белград.

    На 5 мај 2016 година, Плоштадот Македонија беше обоен во црвено од демонстрантите, кои оставаа и црвени отпечатоци од раце.

    Протестот во Скопје тогаш го предводеше Александар Нешковски, брат на убиениот Мартин Нешковски. Протестот почна од пред поранешното Специјалното јавно обвинителство. Мотото на протестот беше „Крвта не е боја, бојата се пере“ оти на тој ден се одбележуваше точно една година откако беа објавени прислушувани разговори за убиството на Мартин Нешковски и приближно пет години од убиството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира