ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 881 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19, ЛОМБАРДИЈА ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД 10.000 МРТВИ

    ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 881 ПОЧИНАТ ОД КОВИД-19, ЛОМБАРДИЈА ЈА НАДМИНА БРОЈКАТА ОД 10.000 МРТВИВо Италија повторно има пораст на бројот на починати и новозаразени (Фото: ЕПА)

    Велика Британија сега е ново жариште на коронавирусот во Европа откако во последните 24 часа починале 881 лице, а вкупно 7.978 досега. Министерот за надворешни работи Доминик Раб кажа дека владата засега не размислува за олеснување на рестриктивните мерки.

    „Не смееме да му дадеме втора шанса на коронавирусот да убива луѓе. Знам дека е тешко, но ова е тимски напор“, изјави Раб.

    Премиерот Борис Џонсон трета ноќ по ред ја помина на интензивна нега, но Раб вели дека неговата состојба се движи во позитивна насока.

    Во Италија повторно има пораст на бројот на починати и новозаразени.

    Во еден ден починале 610 луѓе, 68 повеќе во споредба со вчера, додека вкупната бројка сега изнесува 18.279. Северниот регион Ломбардија ја надмина бројката од 10.000 починати.

    Регистрирани се и 4.204 нови случаи на зараза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира