ВО ЗАГРЕБ ПОЧИНАА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ОТКАКО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО ЛЕГИОНЕЛА

    ВО ЗАГРЕБ ПОЧИНАА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ОТКАКО СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО ЛЕГИОНЕЛАСо оваа бактерија се заразиле вкупно шестмина пациенти (Фото: КБЦ „Ребро“)

    Тројца пациенти во клиничката болница „Ребро“ во Загреб починаа откако се заразиле со легионела, потврди директорот Анте Ќорушиќ. Со оваа бактерија се заразиле вкупно шестмина пациенти и сите претходно биле во тешка здравствена состојба и со ослабнат имунитет.

    Веднаш е алармиран Хрватскиот завод за јавно здравство, кој ги направи сите анализи и ја изолираше бактеријата во водовoниот систем“, изјави заменик-директорот на болницата Миливој Новак.

    Епидемиите на оваа болест вообичаено се поврзуваат со водоводните мрежи на болници, хотели и базени и таа најчесто не се пренесува од човек на човек. Таа првпат била откриена во 1976 година за време на конвенција на американските легионери во Филаделфија, па оттука го доби и името.

    Легионелата се наоѓа во природата во разни води и опасноста настанува кога ќе влезе во водоводните системи изградени од човекот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира