ВОЈНАТА ВО ГАЗА ГО ОДВРАЌА ВНИМАНИЕТО ОД УКРАИНА, ШТО БЕШЕ ЦЕЛ НА ПУТИН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ВОЈНАТА ВО ГАЗА ГО ОДВРАЌА ВНИМАНИЕТО ОД УКРАИНА, ШТО БЕШЕ ЦЕЛ НА ПУТИН, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски негираше дека војната е во ќор-сокак (Фото: ЕПА)

    Војната Израел-Хамас го одвраќа вниманието од војната во Украина, призна претседателот Володимир Зеленски, додавајќи дека тоа беше една од целите на Русија.

    Тој истовремено негираше дека војната е во ќор-сокак, како што деновиве заклучи шефот на генералштабот на украинската војска Валери Залужни. Украина тргна во противофанзива пред неколку месеци, но таа даде малку резултати и не беше направен значаен пробив, што ги зголеми стравувањата дека би можел да се појави замор кај западните сојузници.

    Јасно е дека војната на Блиски Исток го одвраќа фокусот од Украина. Русија сака тоа внимание да биде ослабнато, но сѐ е во наша моќ“, кажа Зеленски.

    Запрашан да ги коментира проценките на шефот на украинската војска дека војната влезе во позициона, статична фаза, Зеленски одговори:

    Сите стануваат уморни и нема други опции, но јас не би го нарекол тоа ќор-сокак“.

    Тој призна дека Русија го контролира небото и затоа смета дека на Украина итно ѝ требаат авиони „Ф-16“ и напредни противвоздушни системи. Исто така негираше дека Украина се наоѓа под голем притисок на сојузниците да размислува за преговори со Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира