ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ВО ЌОР-СОКАК, НЕМА ДА ИМА ГОЛЕМИ НАПРЕДУВАЊА, ПРИЗНА ШЕФОТ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА, ВАЛЕРИ ЗАЛУЖНИ

    ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ВО ЌОР-СОКАК, НЕМА ДА ИМА ГОЛЕМИ НАПРЕДУВАЊА, ПРИЗНА ШЕФОТ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА, ВАЛЕРИ ЗАЛУЖНИУкраина пред неколку месеци ја почна противофанзивата, но без големи успеси (Фото: Гети)

    Шефот на генералштабот на украинската војска Валери Залужни изјави дека војната во Украина влезе во ќор-сокак, најавувајќи дека нема да има брзи и длабоки напредувања во противофанзивата. Неговата искрена проценка би можела да им зададе главоболки на западните лидери, кои се обидуваат да ја одржат воената и финансиската поддршка за Украина и повеќе од година и пол од почетокот на руската инвазија.

    „Како и во Првата светска војна, достигнавме ниво на технологија кое нѐ става во ќор-сокак. Ќе биде потребен огромен технолошки скок за да излеземе од ќор-сокакот. Веројатно нема да има длабоки и убави пробиви“, изјави Залужни во интервјуто за „Економист“.

    Текот на противофанзивата ги поткопа западните надежи дека Украина може да покаже дека Русија не може да победи во војната, со што би го натерала Владимир Путин да преговара.

    „Тоа беше грешка. Русија досега има изгубено околу 150.000 војници и во секоја друга држава толкава бројка жртви би ја запрела војната. Но, не и во Русија, каде што животот е евтин, а Путин се повикува на тоа дека во Првата и Втората светска војна загинале десетици милиони Руси“, кажа Залужни.

    Тој призна дека погрешни биле проценките дека Украина ќе биде способна да напредува 30-ина километри на ден низ руските одбранбени линии.

    „Ако ги погледнете учебниците на НАТО и математиките што ги направивме во планирањето на противофанзивата, четири месеци требаше да ни бидат доволни за да стигнеме до Крим, да се бориме за Крим и да се вратиме од Крим“, кажа Залужни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира