ВОЈНИЦИ И ВОЕНА ОПРЕМА ВЛЕГОА ВО УКРАИНА ОД БЕЛОРУСИЈА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ГРАНИЧНА СЛУЖБА

    ВОЈНИЦИ И ВОЕНА ОПРЕМА ВЛЕГОА ВО УКРАИНА ОД БЕЛОРУСИЈА, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ГРАНИЧНА СЛУЖБАКолони тенкови на Сенкивка, граничен премин на Украина со Белорусија (Фото: Украинска гранична служба)

    Украинската гранична служба вели дека трупи ја нападнале Украина од Белорусија.

    „Околу 5 часот наутро, државната граница на Украина во областа со Русија и Белорусија беше нападната од руски трупи поддржани од Белорусија“, соопшти граничната служба за „Си-Ен-Ен“.

    Американски функционер од Пентагон за „Си-Ен-Ен“ кажа дека имаат извештаи за трупи кои влегуваат во Украина од Белорусија. Изворот, сепак, не можеше да потврди дали трупите се само руски или има и белоруски.

    Рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција во Украина рано утринава. Русија има околу 190.000 војници на украинската граница.

    Напади имаше во регионите на Луханск, Харков, Чернив и Житомир, кои се лоцирани на источната и северна граница на Украина. Дополнително, граничната служба вели дека напади има и од Крим на југот.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира