ВОЈСКАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ДОСТАВУВА ГОРИВО НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ ВО БРИТАНИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ РЕДИЦИТЕ

    ВОЈСКАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ДОСТАВУВА ГОРИВО НА БЕНЗИНСКИТЕ ПУМПИ ВО БРИТАНИЈА ЗА ДА СЕ НАМАЛАТ РЕДИЦИТЕНеделава на бензинските пумпи низ Британија има огромни редици, откако недостигот на возачи на цистерни предизвика нарушување на испораката на горива. (Фото: ПА)

    Персонал на британската армија ќе почне да доставува гориво до бензинските пумпи ширум земјата од понеделник, соопшти британската влада.

    Речиси 200 припадници на армијата, 100 од нив возачи, ќе обезбедат привремена поддршка за да се намали притисокот на бензинските пумпи. Британската влада, исто така, соопшти дека 300 возачи на цистерни од странство ќе можат да почнат со работа веднаш.

    Неделава на бензинските пумпи низ Британија има огромни редици, откако недостигот на возачи на цистерни предизвика нарушување на испораката на горива.

    Владата тврди дека има доволно гориво и додава дека ситуацијата на бензинските пумпи се подобрува, но признаваат дека во некои делови од земјата ситуацијата е полоша од други делови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира