Кина во саботата рече дека „пазарот ги го кажа своето“ во отфрлањето на царините на претседателот на САД Доналд Трамп и го повика Вашингтон на „рамноправни консултации“ по драматичната реакција на глобалните пазари на трговските давачки, што предизвика кинеска одмазда. Неколку кинески трговски здруженија во индустриите од здравството и текстилот до електрониката, деенска објавија изјави повикувајќи на единство во истражувањето на алтернативните пазари и предупредувајќи дека царините ќе ја влошат инфлацијата во САД.
„Пазарот си го кажа своето“, рече денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Гуо Џиакун во објава на Фејсбук. Тој исто така објави слика на која ги доловува вчерашните падови на американските пазари во петокот.
Трамп воведе дополнителни царини од 34 отсто за кинески стоки како дел од големите давачки наметнати на повеќето трговски партнери на САД, со што вкупните давачки за Кина оваа година достигнаа 54 отсто. Трамп, исто така, ја затвори трговската дупка што дозволи пакетите со ниска вредност од Кина да влезат во САД без царина.
Ова вчера поттикна голема одмазда од Кина, вклучувајќи дополнителни давачки од 34% на сите американски стоки и ограничувања на извозот на некои ретки минерали, што ја ескалира трговската војна меѓу двете најголеми светски економии. Глобалните берзи паднаа по одмаздата на Кина и вчерашните коментари на Трамп дека нема да го промени курсот, продолжувајќи ги острите загуби што следеа по првичното објавување царини во текот на изминатата недела и означувајќи ги најголемите загуби од пандемијата.
Американските царински агенти денеска почнаа да ја собираат унилатералната царина на претседателот Доналд Трамп од 10% за сите увози од многу земји, а повисоките давачки за стоки од 57 поголеми трговски партнери треба да започнат следната недела.
Соопштението за царините на Трамп во средата до срж ги потресе светските берзи, бришејќи 5 трилиони долари (5 илјади милијарди) од берзанската вредност за компаниите според индексот С&П 500 до затворањето во петокот, што е рекорден пад за два дена. Цените на нафтата и суровините паднаа, додека инвеститорите се свртеа кон безбедноста на државните обврзници. Инеститорите стравуваат од глобална рецесија.