ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА ПОРАДИ ДОСЕГА НЕВИДЕНИ ПОПЛАВИ, ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ И ВИКЕНДОВ

    ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА ВО СЛОВЕНИЈА ПОРАДИ ДОСЕГА НЕВИДЕНИ ПОПЛАВИ, ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ И ВИКЕНДОВВо најголемиот дел од денот се очекува реките да се излеваат (Фото: Дело)

    Долготрајни поројни дождови и излевање на реките и денеска се очекуваат во Словенија, објави Агенцијата за животна средина, која издаде црвена тревога за речиси целата земја. Во Словенија е на сила вонредна состојба поради невремето кое предизвика досега невидени поплави, кои блокираа населени места, затворија патишта и урнаа мостови. Илјадници луѓе се евакуирани.

    Потврдено е дека досега загинаа три лица, од кои двајца холандски државјани.

    Во најголемиот дел од денот можеме да очекуваме реките да се излеваат. Утрово, максималниот проток на Сава беше меѓу 3.600 и 3.900 кубни метри во секунда. Ситуацијата со реките би требала да почне да се смирува утре“, изјави хидрологот Јанез Полајнар.

    Поплавите блокираа населени места, затворија патишта и урнаа мостови (Фото; Вечер)

    Водостојот на некои реки во Хрватска е во пораст поради водениот бран кој пристигнува од Словенија, а врвот се очекува во следните часови.

    Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец, изјави дека земјата ќе побара меѓународна помош заради справување со последиците од поплавите, кои се опишуваат како катастрофални.

    Во изминатите 12 часа ситуацијата беше полоша од сите предвидувања. На некои места паднаа 200 литри вода на квадратен метар, што е рекорд откако се прават мерењата. Поројните дождови уште не се завршени“, изјави утрово метеорологот Бранко Грегорчич, додавајќи дека времето ќе почне да се подобрува в понеделник.

    И Љубљана вчера беше погодена од силни врнежи, но таму проблем направи излевањето на Сава. Поплавени се неколку области од градот. Се подобрува ситуацијата во Целје, од каде што вчера беа евакуирани 4.000 луѓе, на кои сега им е дозволено да се вратат во своите домови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира