ВООПШТО НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ КАДЕ ОДИ, ВЕЛИ ГЕЈТС ЗА ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЛУЃЕТО ЌЕ СЕ ЧИПИРААТ ПРЕКУ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

    ВООПШТО НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА КОЈ КАДЕ ОДИ, ВЕЛИ ГЕЈТС ЗА ОБВИНУВАЊАТА ДЕКА ЛУЃЕТО ЌЕ СЕ ЧИПИРААТ ПРЕКУ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19За Гејтс, климатските промени се поголем проблем за човештвото од пандемијата на ковид-19 (Фото: Гети)

    Бил Гејтс вели дека нема никаков интерес да ги следи луѓето откако тој стана омилена подлога на теориите на заговор поврзани со пандемијата на коронавирусот.

    Тој се обвинуваше за сѐ и сешто, од тоа дека го создал вирусот во тајна лабораторија како дел од проект на глобални елити за депопулација на планетата до користење на вакцини против ковид-19 за да се вгради микрочип во луѓето за да можат да се следат и контролираат.

    „Зошто би сакал да ги следам луѓето? Едноставно не ме интересира каде одат луѓето“, изјави Гејтс.

    Тој вели дека моментално, климатските промени се поголем проблем за човештвото од пандемијата на ковид-19.

    „Да се стави крај на пандемијата е многу, многу лесно. Но, ако го решиме проблемот со климатските промени, тоа ќе биде нешто најневеројатно што го направило човештвото. Педесет и една милијарда тони стакленички гасови се исфрлуваат во атмосферата секоја година, а сакаме да стигнеме до нула во наредните 30 години. Таква транзиција никогаш досега не е видена“, вели Гејтс, чии добротворни напори сега главно се насочени кон справувањето со болести во земјите во развој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира