Дваjца ирански врховни судии се убиени во очигледен атентат во Врховниот суд во земјата.
Али Разини и Мохамед Могисех беа убиени откако вооружен напаѓач влегол во судот во Техеран. Напаѓачот потоа се самоубил, според судот.
Мотивот на напаѓачот е непознат, но двајцата судии играле клучна улога во прогонот и егзекуциите на противниците на исламскиот режим во 80-те и 90-те години од минатиот век.
Според првичните сознанија, напаѓачот не бил вклучен во ниту еден случај на Врховниот суд. Портпарол на судот кажа дека напаѓачот влегол со пиштол во судот.