ВОЗ СО АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ УДРИ ВО КАМИОН, ЕДЕН ЗАГИНАТ

    ВОЗ СО АМЕРИКАНСКИ КОНГРЕСМЕНИ УДРИ ВО КАМИОН, ЕДЕН ЗАГИНАТМеѓу конгресмените, кои биле од редовите на партијата на Трамп, нема посериозно повредени (Фото: АП)

    Воз кој превезувал републикански членови на американскиот Конгрес, вклучувајќи го и спикерот Пол Рајан, удрил во камион, при што едно лице загинало.

    Пет луѓе се превезени во медицинскиот центар во Вирџинија, од кои еден е во критична состојба.

    Според повеќе извори, сите конгресмени и членови на нивните семејства се добро, со исклучок на ситни повреди. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потврди дека има еден загинат, но не кажа за кого станува збор.

    „Претседателот е целосно известен за ситуацијата во Вирџинија и редовно добива нови информации. Потврдено е дека едно лице загинало и дека едно е во критична состојба. Меѓу членовите на Конгресот нема сериозно повредени“, изјави Сандерс.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира