ВОЗ УСМРТИ ПЕТМИНА РАБОТНИЦИ НА ПРУГА ВО ИТАЛИЈА

    ВОЗ УСМРТИ ПЕТМИНА РАБОТНИЦИ НА ПРУГА ВО ИТАЛИЈАНа работниците налетал празен патнички воз, кој се движел со 160 километри на час (Фото: ЕПА)

    Петмина луѓе загинаа откако воз удри во железнички работници во северна Италија. Работниците на возраст од 22 до 52 години менувале дел од пругата близу Торино, кога на нив налетал празен патнички воз, кој се движел со 160 километри на час.

    Двајца работници ја преживеале несреќата без повреди, додека машиновозачот бил пуштен дома, но се очекува да биде испрашан од полицијата.

    Италијанските медиуми објавија дека работниците менувале десетина километри пруга кај станицата во гратчето Брандицо кога во нив при полна брзина удрил воз со десетина вагони. Некои од жртвите биле влечени стотици километри по пругата.

    „Ова е голема трагедија. Сцената беше морничава, човечки остатоци беа расфрлани на 300 метри. Ќе почекаме да видиме што ќе каже истрагата, но не е исклучено дека станува збор за грешка во комуникацијата“, изјави градоначалникот на Брандицо, Поало Бодони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира