Зградата на американскиот Конгрес е ставена во карантин откако возило удри во безбедносната бариера што го окружува комплексот.
Полицијата кажа дека еден маж е приведен откако со возило удрил во двајца полицајци. Сите тројца се превезени во болница, а некои американски медиуми објавија дека напаѓачот починал. Тој наводно бил застрелан откако од возилото излегол држејќи нож. Еден од ранетите полицајци е во сериозна состојба.
Капитол и околните улици во Вашингтон се затворени откако полицијата предупреди за „внатрешна безбедносна закана“. Конгресот моментално е во мирување, па најголем дел од законодавците не биле во зградата.
Инцидентот се случи речиси три месеци по крвавиот упад на приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол, при што починаа пет лица, вклучувајќи и полицаец.