ВРАБОТЕН ВО АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ СЕ СНИМАЛ КАКО ИМА СЕКС СО ДРУГ МАЖ ВО САЛАТА ЗА СОСЛУШУВАЊЕ НА КОНГРЕСОТ

    ВРАБОТЕН ВО АМЕРИКАНСКИОТ СЕНАТ СЕ СНИМАЛ КАКО ИМА СЕКС СО ДРУГ МАЖ ВО САЛАТА ЗА СОСЛУШУВАЊЕ НА КОНГРЕСОТСалата за сослушување во Конгресот (Фото: Архитекти на Капитол)

    Вработен во американскиот Сенат е обвинет дека се снимал додека има секс во салата за сослушување во зградата на Конгресот.

    На експлицитната снимка што ја објави „Дејли Колер“ во петокот, се гледаат двајца мажи што имаат секс во салата за сослушување во зградата именувана како „Харт 216“ на масите каде што седат американските сенатори. На социјалните мрежи еден од мажите е препознаен како советник на сенаторот Бен Карден од Мериленд и така е објавен во медиумите блиски до Републиканската партија.

    Салата е позната по значајни историски моменти. Меѓу другото, во неа се сослушуваа сведоштвата на комисијата за терористичките напади на 11 септември 2001, а Џејмс Коми, поранешниот директор на ФБИ во 2017, го изнесе своето сведоштво за Доналд Трамп.

    Канцеларијата на сенаторот од Мериленд од Демократската партија, каде што бил врабтен еден од мажите на секс снимката, за американското издание на „Политико“ изјави дека советникот веќе не е вработен во Сенатот на САД.

    Полицијата на Капитол соопшти дека знаe за случајот и го истражува.

    Во објава на мрежата Линкдин, советникот не споменувајќи го видеото напиша дека поминува низ тежок период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира