ВРХОВНИОТ СУД НА САД ОДБИ ДА ГО БЛОКИРА ПРВОТО ИЗВРШУВАЊЕ НА СМРТНА КАЗНА СО АЗОТЕН ГАС

    ВРХОВНИОТ СУД НА САД ОДБИ ДА ГО БЛОКИРА ПРВОТО ИЗВРШУВАЊЕ НА СМРТНА КАЗНА СО АЗОТЕН ГАСКенет Јуџин Смит е осуден на смрт за убиство од 1988

    Врховниот суд на САД одби да го блокира првото извршување на смртна казна со азотен гас, со што осудениот убиец Кенет Јуџин Смит се наоѓа на неколку часа од погубувањето во Алабама. Тоа треба да се случи денеска, откако беше одбиена и последната жалба на Смит.

    Спорец процедурата која досега не е испробана никаде на светот, азот ќе се пумпа во телото на Смит преку маска околу 15 минути. Педесет и осумгодишниот Смит е осуден за нарачаното убиство на сопруга на проповедник во 1988 година.

    Тој го чека извршувањето на смртната казна уште од 1996 и првиот, неуспешен обид бил направен пред две години. Смит тогаш требало да прими смртоносна инјекција, но државата ја откажала постапката откако се појавиле проблеми со опремата за погубување. Според неговите адвокати, Смит бил врзан во комората речиси четири часа додека чекал да види дали егзекуцијата ќе продолжи.

    Смит е еден од двајца мажи кои ја убиле Елизабет Сенет во март 1988. Според обвинението, тие добиле по 1.000 долари за да ја убијат, што било нарачано од нејзиниот сопруг, кој бил во големи долгови и сакал да ги земе парите од нејзиното животно осигурување. На судењето, Смит признал дека бил присутен кога жртвата била убиена, но тврдел дека не учествувал во тоа.

    Сопругот на Сенет се самоубил за време на истрагата, додека партнерот на Смит беше погубен во 2010.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира