ВТОРА НОЌ НЕРЕДИ И ИНЦИДЕНТИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА, ДЕМОЛИРАНИ ПРОСТОРИИТЕ НА СРПСКАТА НАПРЕДНА ПАРТИЈА ВО НОВИ САД

    ВТОРА НОЌ НЕРЕДИ И ИНЦИДЕНТИ НА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА, ДЕМОЛИРАНИ ПРОСТОРИИТЕ НА СРПСКАТА НАПРЕДНА ПАРТИЈА ВО НОВИ САДПолицијата употреби солзавец во повеќе градови (Фото: АТА)

    Во Србија и синоќа имаше нереди, судири, палежи и демолирања откако граѓаните во голем број се собраа на протестите под името „Вечерва пукате по шевови“, реагирајќи на инцидентите од претходната ноќ. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во повеќе градови, а во Нови Сад беше демолирана канцеларијата на владејачката Српска напредна партија (СНС).

    Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата успеала да воспостави ред во Белград и дека на собирите низ Србија биле повредени 42 полицајци. Уапсени се 37 лица.

    Политичката криза и протестите кои во Србија траат со месеци оваа недела прераснаа во насилни судири на антивладините демонстранти со полицијата и поддржувачите на Александар Вучиќ. Во Белград, граѓаните прво се собраа пред генералштабот и владата, но полицијата не им дозволи да се доближат до просториите на СНС, при што се фрлаше пиротехника.

    Пеѓа Митровиќ, пратеникот на Партијата на слободата и правдата, изјави дека бил претепан од седум-осум маскирани лица на улиците на Белград. 

    Покрај Белград и Нови Сад, судири имаше и во Панчево, Ниш, Ваљево и други градови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира