ВУЧИЌ ГИ СТАВИ ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА НА НАЈВИСОК СТЕПЕН НА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ ПОРАДИ ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВО

    ВУЧИЌ ГИ СТАВИ ВОЈСКАТА И ПОЛИЦИЈАТА НА НАЈВИСОК СТЕПЕН НА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ ПОРАДИ ТЕНЗИИТЕ ВО КОСОВОВучиќ кажа дека ќе ги преземе сите можни мерки за да го заштити српскиот народ на северот на Косово (Фото: Танјуг)

    Претседателот Александар Вучиќ им нареди на војската и полицијата на Србија да бидат на највисокиот степен на борбена готовност, што следува по неколку недели засилување на тензиите помеѓу Србија и Косово.

    Претседателот на Србија како врховен командант ѝ нареди на војската на Србија да биде на највисокиот степен на борбена готовност, односно подготвеност до нивото на употреба на оружената сила“, изјави министерот за одбрана Милош Вучевиќ.

    И министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ изјави дека по наредба на претседателот ја подигнал борбената готовност на сите единици на полицијата.

    Медиумите тврдат дека Приштина подготвува напад на етничките Срби во северниот дел на Косово, што косовската влада досега не го коментираше, но го обвини Вучиќ дека игра игри за да предизвика проблеми.

    Вучиќ синоќа се обрати преку Инстаграм и кажа дека ќе ги преземе сите можни мерки за да го заштити српскиот народ на северот на Косово.

    Ситуацијата во Косово ескалираше во последните две недели по апсењето на бивш српски полицаец, на што локалните Срби одговорија со поставување барикади. Приштина вчера објави дека има оперативен план за отстранување на барикадите откако мировните сили КФОР не го направија тоа досега.

    Повикувајќи се на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Белград неодамна побара враќање на српските сили во Косово, на што досега не е одговорено, а и Вучиќ кажа дека мали се шансите за тоа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира