Српскиот претседател Александар Вучиќ нагло ја прекина посетата на САД откако му се слошило, објави новинската агенција „Танјуг“. Додека бил во Мајами, Вучиќ побарал лекарска помош, по што одлучил да се врати во Србија и веќе бил на пат за Белград.
Поради тоа, Вучиќ го откажа учеството на главните настани поради кои дојде во САД.
Од неговиот кабинет засега немаат соопштено во каква здравствена состојба е Вучиќ, туку најавија дека ќе се огласат во наредните денови.
Вучиќ оваа недела кажа дека во рок од неколку дена ќе се сретне со Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џинпинг. Тој е еден од ретките европски лидери кои потврдија дека ќе присуствуваат на московската парада за Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна на 9 мај, за што беше критикуван од Европска Унија.