ВУЧИЌ НА 27 МАЈ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАTA ШЕФ НА СРПСКА НАПРЕДНА ПАРТИЈА

    ВУЧИЌ НА 27 МАЈ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАTA ШЕФ НА СРПСКА НАПРЕДНА ПАРТИЈАВучиќ веќе работи на формирањето на ново движење (Фото: АФП)

    Александар Вучиќ свика вонредна седница на Српската напредна партија (СНП) на 27 мај, на која планира да поднесе оставка од претседателската функција. Тој минатата недела најави дека од 27 мај веќе нема да биде шеф на партијата.

    Уште не знам кој ќе ме замени на чело на партијата, имам предвид тројца-четворица луѓе, но знам дека некои и ќе ја напуштат партијата“, изјави Вучиќ во петокот.

    Тој е лидер на СНП од 2012 и оттогаш во два мандата беше премиер, а од 2017 е претседател на Србија.

    Додавајќи дека ќе остане член на партијата, Вучиќ веќе работи на формирањето на ново движење.

    Го формирам Народното движење за Србија, кое ќе биде пошироко од СНП и би сакал во него да вклучам и луѓе кои не се членови на партијата“, кажа Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира