ВУЧИЌ НАЈАВИ ОДРЖУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПО УБЕДЛИВАТА ИЗБОРНА ПОБЕДА

    ВУЧИЌ НАЈАВИ ОДРЖУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ПО УБЕДЛИВАТА ИЗБОРНА ПОБЕДАВучиќ го потврди вториот мандат уште во првиот круг (Фото: АП)

    Александар Вучиќ изјави дека Србија и натаму ќе ги одржува традиционалните односи со Москва, додека истовремено ќе ги продолжи преговорите за членство во Европска Унија, откако оствари убедлива победа на вчерашните претседателски избори, кои се одржаа паралелно со парламентарните. По над 87% пребројани гласови, Вучиќ има освоено 59,5%, со што е очигледно дека ќе го потврди вториот мандат уште во првиот круг. За неговиот најблизок конкурент Здравко Понош гласале 17,5% избирачи.

    На парламентарните избори, листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме сè“ освои 43,4% гласови, пред „Обединети за победа на Србија“ со 13,1% и Социјалистичка партија на Србија со 11,7%.

    Вчера исто така се гласаше на локалните избори во Белград и во уште 13 градови и општини. Во главниот град се предвидува победа на листата на Вучиќ, чиј кандидат за градоначалник Александар Шапиќ освои 38,1% гласови.

    „Горд сум на големата поддршка од народот. Немаше неизвесност во ниеден момент. Ова беше најчистата и најубава кампања во историјата на Србија“, кажа Вучиќ.

    Како приоритети во вториот мандат, тој ги издвои натамошна модернизација на земјата, привлекување странски инвестиции и обезбедување мир и стабилност.

    „Горд сум што по Никола Пашиќ ќе бидам Србин кој најдолго бил на власт во нашата земја“, додаде Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира