ВУЧИЌ РАЗГОВАРАШЕ СО ПУТИН ПРВПАТ ПО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ, ДО УТРЕ ЌЕ СООПШТИ ДАЛИ ЌЕ ОДИ НА САМИТОТ НА БРИКС

    ВУЧИЌ РАЗГОВАРАШЕ СО ПУТИН ПРВПАТ ПО ДВЕ И ПОЛ ГОДИНИ, ДО УТРЕ ЌЕ СООПШТИ ДАЛИ ЌЕ ОДИ НА САМИТОТ НА БРИКСВучиќ кажа дека Србија нема да ѝ воведе санкции на Русија (Фото: АФП)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со Владимир Путин за првпат по две и пол години, во моментите кога се очекува одлуката на Србија дали ќе присуствува на самитот на блокот БРИКС, што го предводат Русија и Кина.

    Особено му се заблагодарив на претседателот Путин што не увери дека Русија оваа зима ќе ѝ испорача на Србија доволни количини гас. Иако е кандидат за членство во Европска Унија, Србија нема да го промени својот став и нема да ѝ воведе санкции на Русија“, кажа Вучиќ во видеопорака објавена на социјалните мрежи.

    Сепак, како што објави новинската агенција АФП, од почетокот на војната Србија го осуди кршењето на територијалниот интегритет на Украина и ги ограничи билатералните разговори со Путин.

    Кремљ соопшти дека во разговорот со Вучиќ Путин ја дал својата оценка за текот на специјалната воена операција во Украина,

    Вучиќ кажа дека најдоцна до понеделник ќе соопшти дали ќе учествува на самитот на БРИКС, што се одржува до 22 до 24 октомври во рускиот град Казан.

    Ако кажам дека одам во Казан, тоа ќе значи крај на европскиот пат на Србија. Ако кажам нешто друго, ќе заклучат дека сум ја предал Русија“, изјави Вучиќ оваа недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира