ВУЧИЌ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА, МОЖЕ ДА ОСВОИ 180 ОД 250-ТЕ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТА

    ВУЧИЌ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА, МОЖЕ ДА ОСВОИ 180 ОД 250-ТЕ ПРАТЕНИЧКИ МЕСТАПартијата на Вучиќ освои над 63% гласови во услови кога голем дел од опозицијата ги бојкотираше изборите (Фото: Тањуг)

    Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ ќе ја зацврсти својата власт во Србија бидејќи е на пат да оствари убедлива победа на денешните парламентарни избори, кои се одржаа среде епидемија на коронавирусот.

    Според прелиминарните резултати, СНС освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а далеку на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на бившиот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.

    Драган Ѓилас, лидерот на движењето Сојуз за Србија, кое го предводеше бојкотот на опозицијата, изјави дека Србија денеска му кажала „не“ на режимот на Вучиќ.

    „Бојкотот ја исполни својата смисла и го соголи режимот. Според наши информации, на повеќе од пет отсто избирачки места се забележани закани кон гласачите“, кажа Ѓилас.

    Според државната изборна комисија, излезноста на изборите била 45%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира