ЗА ДОСТАВА НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 НИЗ СВЕТОТ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ 8.000 ЏАМБО ЏЕТОВИ

    ЗА ДОСТАВА НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 НИЗ СВЕТОТ ЌЕ БИДАТ ПОТРЕБНИ 8.000 ЏАМБО ЏЕТОВИАвионската индустрија веќе подготвува глобален план за достава (Фото: Гети)

    Доставата на вакцина против ковид-19 ќе биде најголемиот транспортен предизвик во историјата, смета Меѓународното здружение за воздушен превоз (ИАТА). Тоа додава дека за исполнувањето на оваа мисија ќе бидат потребни 8.000 авиони „боинг 747“.

    Вакцина против ковид-19 сѐ уште не постои, но ИАТА веќе работи со авиокомпаниите, аеродромите, глобалните здравствени тела и фармацевтските компании на глобален план за достава.

    „Безбедно доставување на вакцина против ковид-19 ќе биде мисијата на векот за глобалната товарна воздушна индустрија. Но, таа нема да се случи без внимателно планирање однапред. И сега е време за тоа“, изјави извршниот директор на ИАТА Александр де Жинијак.

    Доставувањето вакцини е сложено и не сите авиони ги исполнуваат условите за тоа, зашто типична температура за транспорт на лекови треба да биде меѓу два и осум Целзиусови степени. Некои вакцини дури се чуваат на температури под нулата.

    Низ светот моментално се развиваат над 140 можни вакцини против ковид-19, од кои дваесетина веќе се тестираат на луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира