ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ ИМАМЕ ДОГОВОР СО РУСИЈА И УКРАИНА, КАЖА ТРАМП

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЌЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ ИМАМЕ ДОГОВОР СО РУСИЈА И УКРАИНА, КАЖА ТРАМПТрамп вели дека врши голем притисок врз двете страни да ја завршат војната (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека ќе почека една недела за да види дали има договор со Русија и Украина за крај на војната. На средбата со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере во Белата куќа, Трамп нагласи дека не е наклонет никому, само на спасувањето животи.

    Тој вчера изрази фрустрираност од Владимир Путин откако во руски воздушен напад врз Киев загинаа 12 луѓе, па директно го повика да запре со бомбардирањата. Во исто време, Володимир Зеленски ги повика САД да го засилат притисокот врз Русија за да се обезбеди примирје.

    Вршам голем притисок врз двете страни да ја завршат војната“, кажа американскиот претседател.

    Неговиот специјален пратеник и главен преговарач Стив Виткоф денеска ќе допатува во Москва за разговори со Путин, што ќе биде нивната четврта средба досега. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека некои елементи сѐ уште треба да се усогласат со Русија, пред да го прифати предложениот американски мировен план.

    Ден пред нападот врз Киев, Трамп го обвини Зеленски дека го саботира мировниот договор со изјавите дека Крим никогаш нема да биде признат како руска територија. Запрашан дали е спремен да направи некои отстапки во интерес на мирот, Зеленски одговори:

    Самото тоа што Украина е спремна да преговара со Русија е голем компромис и прекин на огнот мора да биде првиот чекор. Украинците се тие кои го губат трпението зашто се под постојани напади“.

    Украина постојано вели дека нема да се откаже од Крим, што Русија го анектираше во 2014. Признавањето на анексијата не само што би било политички невозможно за Зеленски, туку и би било спротивно на меѓународните правни норми дека границите не смеат да се менуваат со сила.

    Ние им ја покажавме целната линија. Двајцата треба да кажат ‘да‘ и вчерашниот напад врз Киев е само потсетник зошто оваа војна мора да заврши“, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира