ЗА ИСХОДОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД РЕШАВААТ ЧЕТИРИ ДРЖАВИ, СЕВЕРНА КАРОЛИНА ЌЕ БРОИ ГЛАСОВИ ДО 12 НОЕМВРИ

    ЗА ИСХОДОТ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД РЕШАВААТ ЧЕТИРИ ДРЖАВИ, СЕВЕРНА КАРОЛИНА ЌЕ БРОИ ГЛАСОВИ ДО 12 НОЕМВРИМилиони луѓе оваа година гласаа по пошта, што значително гу успорува процесот на броење гласови (Фото: АП)

    Џорџија, Невада, Пенсилванија и Северна Каролина преостанаа да го решат победникот на претседателските избори во САД, на кои што, според сегашната состојба, Џо Бајден е многу поблиску до мандатот. Според некои медиуми, тој досега има освоено 264 од потребните 270 електорски гласови, додека оние кои сѐ уште не ја потврдуваат неговата победа во Аризона велат дека има 253. Трамп уште од вчера е на 214 електорски гласови.

    Конечните, официјални резултати можеби нема да се знаат со денови, бидејќи изборната комисија на Северна Каролина не планира да се огласи пред 12 ноември. При броењето гласови таму ќе бидат прифатени и оние кои ќе пристигнат по пошта до тој датум, доколку биле испратени до изборниот ден.

    Пенсилванија, каде што Бајден ја намалувал предноста на Трамп, не дозволува броењето гласови да почне пред 3 ноември, па затоа секогаш ги објавува резултатите со неколку дена задоцнување. Се очекува броењето да заврши до утре.

    Трамп има блага предност во Џорџија, додека Невада, каде што Бајден премина во водство, објави дека утре ќе соопшти дел од резултатите, а конечните дури на 12 ноември. Републиканците денеска покренаа тужба против Невада, тврдејќи дека 10.000 гласови дошле од луѓе кои веќе не живеат таму.

    Се проценува дека излезноста на изборите ќе биде 66,9%, најмногу во изминатите 120 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира