ЗА ПРВПАТ ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ СЕ БОРИМЕ ВО СРЦЕТО НА ГРАДОТ ГАЗА, ВЕЛИ ИЗРАЕЛ

    ЗА ПРВПАТ ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ СЕ БОРИМЕ ВО СРЦЕТО НА ГРАДОТ ГАЗА, ВЕЛИ ИЗРАЕЛИзраел претходно кажа дека го опколил градот Газа и најави дека наскоро ќе тргне во напад (Фото: АП)

    Израел кажа дека неговите сили навлегуваат длабоко во градот Газа, додека локални жители велат дека тенковите се позиционирани во предградијата пред очекуваниот упад.

    За првпат по неколку децении, Израелските одбранбени сили се борат во срцето на градот Газа, во срцето на тероризмот“, изјави генерал-мајорот Јарон Финкелман, заповедникот на Јужната команда на ИДФ.

    Израел претходно кажа дека го опколил градот Газа, кој е дом на една третина од 2,3 милиони жители на појасот и најави дека наскоро ќе тргне во напад, чија цел е уништувањето на Хамас  Засега нема потврдени информации дека израелските сили масовно навлегле во градот, но портпаролот на војската Ричард Хехт кажа дека трупите би можеле да вршат упади.

    Властите во Газа велат дека 900.000 Палестинци се останати во северниот дел на појасот, вклучувајќи го и градот Газа. На бомбардирања е изложен и јужниот дел на Газа, каде што денеска загинале најмалку 23 луѓе во два одделни напада, кажаа властите.

    Израел денеска одбележа еден месец од бруталниот напад на Хамас, по кој уследија жестоки бомбардирања на Газа. Досега загинале речиси 12.000 луѓе на двете страни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира