ЗА ШПИОНАЖА ВО НАТО УАПСЕНА КАНАДСКА СТАЖАНТКА СО КИНЕСКО ПОТЕКЛО

    ЗА ШПИОНАЖА ВО НАТО УАПСЕНА КАНАДСКА СТАЖАНТКА СО КИНЕСКО ПОТЕКЛОСпоред обвинителството, таа е осомничена за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. (Фото: АП)

    Канадска државјанка со кинеско потекло, која била на пракса во објект на НАТО во Белгија, е уапсена под сомнение за шпионажа, соопштија белгиските обвинители.

    Според обвинителството, таа е осомничена за шпионажа во корист на трета земја, како и за членство во криминална организација. Во оваа фаза од истрагата, властите не откриваат дополнителни информации за осомничената, вклучително и нејзиниот идентитет.

    Обвинителите велат дека жената била практикантка во Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE), која се наоѓа во белгискиот град Монс. Истрагата за случајот е во тек, а засега не се соопштени дополнителни детали за наводните шпионски активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира