ЗАБРАНЕТЕ ГО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ПОБАРАА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД НАПАДОТ ВО ХИРОШИМА НА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВАТА АТОМСКА БОМБА

    ЗАБРАНЕТЕ ГО НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, ПОБАРАА ПРЕЖИВЕАНИТЕ ОД НАПАДОТ ВО ХИРОШИМА НА 75-ГОДИШНИНАТА ОД ПРВАТА АТОМСКА БОМБАГрадоначалникот на Хирошима Казуми Матсуи се поклони на споменикот на жртвите на атомската бомба заедно со член на семејство на загинат во нападот пред 75 години. (Фото: АП)

    Преживеаните од нападот со првата атомска бомба во светот се собраа во мал број во близина на легендарниот споменик во Хирошима, во чест на 75-годишнината од нападот, и од светот, како и од нивната влада, побараа да се забрани нуклеарното оружје. Апелот дојде од Јапонците кои дојдоа на церемонијата и застанаа со минута молк во 8:15 часот, кои се се просечна возраст од 83 години, со оглед на тоа дека нивната влада одбива да потпише договор за забрана на користење на нуклеарно оружје.

    САД ја фрлија првата атомска бомба во светот на 6 август 1945, која го уништи градот и уби 140 илјади луѓе. Втората бомба ја фрли на 9 август во Нагасаки, кога починаа 70 илјади граѓани. Јапонија се предаде на 15 август, со што заврши Втората Светска војна.

    Шестмина од преживеаните на собирот му пристапија на премиерот Шинзо Абе, и го прашаа дали ќе одговори на нивните барања да го потпише договорот за забрана за нуклеарно оружје, укажувајќи му дека 75-годишнината од нападот е одлична шанса за тоа.

    Абе ја повтори политиката на Јапонија да не го потпишува договорот, неконкретно наведувајќи „различен пристап“, иако додаде дека владата е согласна со идејата за елиминирање на нуклеарното оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира