Најмалку 58 лица загинаа, меѓу кои и неколку деца, откако дрвен брод кој превезувал мигранти од Турција во Европа се удри во карпи, во близина на јужниот брег на Италија, соопштија властите. Бродот носел луѓе од Авганистан, Иран и други земји.
Според портпаролката на областа Стекато ди Кутро, досегашниот број на загинати изнесува 58. Осумдесет и едно лице се преживеани, 20 се хоспитализирани, од кои едно лице е на интензивна нега. Додека спасувачките служби го пребаруваа морето и брегот, таа рече дека според преживеаните, на бродот имало од 140 до 150, што значи дека сѐ уште има исчезнати мигранти.
Смртоносниот инцидент ја актуелизирапе дебатата за миграцијата во Европа и Италија, каде неодамна избраната десничарска Влада воведе нови строги закони за хуманитарните организации за спасување мигранти. Законите беа осудени од Обединетите нации и други земји.