Доналд Трамп испрати уште едно провокативно предупредување до Северна Кореја, сугерирајќи дека неговата закана да истури „оган и бес“ на земјата „не била доволно жестока“.
Американскиот претседател изјави дека ако Северна Кореја не се поправи, „ќе заврши во неволја како ретко кои други држави што биле во неволја“.
Трамп зборуваше со новинарите пред брифингот за национална безбедност во неговиот голф клуб во Бедминстер, Њу Џерси, каде што престојува на, како што вели тој, работен одмор. Заканата на претседателот неделава да истури „оган и бес какви како што светот не видел досега“ низ цел свет беше осудена како непотребно потпалива.
Но, за Трамп и тоа не беше доволно: „Можеби не беше доволно жестоко. Го прават ова кон нашата држава многу години и дојде време некој да излезе да ги брани граѓаните на оваа држава и граѓаните на други држави“.
Заканите на Трамп се реакција на планот на Северна Кореја да лансира ракети кон Гуам, американски остров во Тихиот океан.