Висок функционер од руското министерство за надворешни работи предупреди дека комерцијалните сателити на САД и на нивните западни сојузници би можеле да станат легитимни мети за Русија ако бидат вмешани во војната во Украина.
Русија располага со значајни офанзивни способности во вселената, исто како и САД и Кина. Минатата година, таа лансираше противсателитски проектил за да уништи еден свој сателит.
Константин Воронцов, заменик-директор на одделот за контрола на вооружувањето во министерството за надворешни работи, кажа во Обединетите нации дека САД и нивните сојузници се обидуваат да ја искористат вселената за да ја наметнат западната доминација.
„Употребата на западните сателити за да им се помогне на украинските воени напори е крајно опасен тренд и провокација. Квазицивилната инфраструктура би можела да стане легитимна цел за одмазднички напади“, кажа Воронцев.
Тој не именуваше ниедна сателитска компанија, но познато е дека „СпејсЕкс“ на Илон Маск обезбедува интернет за Украина од почетокот на војната.