ЗАПАДНИТЕ ТЕНКОВИ СЕ ПОБРЗИ И ПОСПОСОБНИ ЗА НОЌНА БОРБА ОД РУСКИТЕ, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ НАПРАВАТ РАЗЛИКА НА ФРОНТОТ

    ЗАПАДНИТЕ ТЕНКОВИ СЕ ПОБРЗИ И ПОСПОСОБНИ ЗА НОЌНА БОРБА ОД РУСКИТЕ, ЕКСПЕРТИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА ЌЕ НАПРАВАТ РАЗЛИКА НА ФРОНТОТПоради логистиката и обуката, Украина уште некое време нема да ги добие западните тенкови (Фото: ЕПА)

    Украина оваа недела доби голем поттик откако западните сојузници се согласија да ѝ испратат модерни борбени тенкови. Така, од Германија и други земји ќе добие „леопарди“, од САД тенкови „абрамс“, додека Велика Британија претходно вети дека ќе испрати тенкови „челенџер“. Но, дали е тоа доволно за да ја добие војната против Русија?

    Бен Бери, виш соработник на Меѓународниот институт за стретешки истражувања, вели дека западните тенкови ќе направат разлика, но веројатно нема да се покажат решавачки.

    Во модерното војување, тенковите се клучен елемент на офанзивните операции, но историски гледано, сами не се доволни за победа во битка. Украина беше јасна дека сака оружје не само за да запре потенцијална руска пролетна офанзива, туку и за да оди во напад и ослободува територии.

    Би имало малку смисла доколку Украина ги рашири новите тенкови долж фронтот долг повеќе од 1.000 километри. За да ја пробие руската одбрана, Украина мора да ги концентрира своите сили на област од пет до 20 километри. Бројот на тенковите е важен. За значителна офанзивна операција потребни се најмалку 70 тенкови, така што повеќе од 100 западни борбени тенкови ќе направат разлика“, вели Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен полковник на тенковскиот полк на британската армија.

    Тој додава дека е потребна и дополнителна поддршка за она што се нарекува комбиниран армиски маневар, па затоа Велика Британија, САД и Германија праќаат и топови и оклопни пешадиски возила „бредли“, „страјкер“ и „мардер“.

    Тенковите „леопард“, „абрамс“ и „челенџер“ можат да постигнат брзина од над 40 километри на час на нерамен терен, со што се побрзи од руските тенкови. Тие се и околу 20 тони потешки од руските, зашто имаат дополнителен оклоп кој им дава поголема заштита.

    Големата предност на западните тенкови е нивната способност за ноќна борба. Ноќно гледање и термичка камера се дел од стандардната опрема. Од руските тенкови, само оние понапредните како ‘Т-90‘ се способни за ноќна борба“, вели Бретон-Гордон.

    Поради логистиката и обуката, Украина уште некое време нема да ги добие западните тенкови. Нејзините сојузници се надеваат дека таа би можела да биде спремна за офанзива најрано напролет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира