ЗАПАДОТ ЈА ПОЧНА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, НИЕ УПОТРЕБИВМЕ СИЛА ЗА ДА ЈА ЗАПРЕМЕ, КАЖА ПУТИН

    ЗАПАДОТ ЈА ПОЧНА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, НИЕ УПОТРЕБИВМЕ СИЛА ЗА ДА ЈА ЗАПРЕМЕ, КАЖА ПУТИНПутин кажа дека украинскиот народ станал заложник на нивните западни господари (Фото: Би-Би-Си)

    Владимир Путин кажа дека пред една година почнал специјална воена операција за да ги заштити луѓето на историските руски територии и дека Русија, чекор по чекор, ќе ги оствари сите свои цели. Во годишниот говор за состојбата на нацијата во рускиот парламент, Путин изјави дека сторил сè за да го реши конфликтот со киевскиот режим на мирен начин, но дека зад грбот на Русија се подготвувало сосема поинакво сценарио.

    Пред специјалната воена операција, Киев договарал испораки на тешка воена опрема, противвоздушна одбрана, авиони, но и на нуклеарно оружје. Додека Русија искрено се обидуваше да пронајде мирно решение, тие играа валкана игра. Украина и Донбас станаа симбол на тотална лага. Немаше никакво сомнение дека во февруари 2022 сè беше подготвено за казнена акција на Киев во Донбас“, кажа Путин.

    Тој истакна дека целта на западот е неограничена моќ и го обвини за лаги, хипокризија и за повлекување од фундаменталните договори.

    Сакам да повторам: тие ја почнаа војната, а ние употребивме сила за да ја запреме. Западот ќе ги искористи сите – терористи, нацисти, па и самиот ѓавол, за да се бори против Русија. Украинскиот народ стана заложник на нивните западни господари, кои ја окупираа земјата политички, економски и воено. Киевскиот режим им служи само на интересите на западните сили“.

    Путин предупреди дека западот се обидува да претвори локален конфликт во глобален и дека сака да ја елиминира конкуренцијата.

    Русија ќе одговори на соодветен начин. Во прашање е опстанокот на нашата земја“, рече Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира