ЗАПАДОТ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ОКОЛУ УКРАИНА И НЕ ОДГОВАРА НА НАШИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ГРИЖИ, КАЖА МОСКВА ПО РАЗГОВОРОТ БАЈДЕН-ПУТИН

    ЗАПАДОТ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ОКОЛУ УКРАИНА И НЕ ОДГОВАРА НА НАШИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ ГРИЖИ, КАЖА МОСКВА ПО РАЗГОВОРОТ БАЈДЕН-ПУТИНБајден го предупредил Путин дека Русија ќе се соочи со брзи и тешки последици ако ја нападне Украина (Фото: Твитер)

    Владимир Путин му рекол на Џо Бајден дека ќе ги анализира неговите идеи што му ги изнесол во вчерашниот телефонски разговор, но тие и натаму не ги решаваат клучните безбедносни грижи на Русија, соопшти Кремљ. Двајцата лидери вчера разговараа по телефон еден час, додека западот стравува дека руска инвазија на Украина може да почне во секој момент. Путин претходно се слушна и со Емануел Макрон.

    Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков, кажа дека Бајден побарал да разговара со Путин во саботата како резултат на сè поголемата хистерија што ја прави западот.

    „Бајден очекувано ги спомна тешките санкции за Русија во контекстот на тензичната ситуација околу Украина, но тоа не беше фокусот на долгиот разговор со рускиот лидер“, вели Ушаков.

    Тој додаде дека Бајден изложил голем број размислувања за да одговори на безбедносните барања што Русија му ги постави на западот кон крајот на минатата година.

    „Путин кажа дека внимателно ќе ги анализира неговите размислувања, но, за жал, тие не ги допираат клучните елементи на руските иницијативи“, рече Ушаков.

    Бајден го предупредил Путин дека Русија ќе се соочи со брзи и тешки последици ако ја нападне Украина. За тоа време, државите ги повикуваат своите граѓани да ја напуштат Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира