ЗАПАДОТ САКА ДА ЈА РАСПАРЧИ РУСИЈА, ИМА ПИСМЕН ДОКАЗ ЗА ТОА, ВЕЛИ ПУТИН

    ЗАПАДОТ САКА ДА ЈА РАСПАРЧИ РУСИЈА, ИМА ПИСМЕН ДОКАЗ ЗА ТОА, ВЕЛИ ПУТИНПутин го обвини западот дека е соучесник во злосторствата на Украина (Фото: Гети)

    Владимир Путин го обвини западот дека сака да ја распарчи Русија и да ја претвори во низа слаби минидржави. Во интервјуто за ТВ-каналот „Росија“, Путин тврдеше дека САД и нивните сојузници од НАТО сакаат да ѝ нанесат стратешки пораз на Русија, со цел рускиот народ да страда.

    Ваков заговор постои уште од распадот на Советскиот Сојуз. Тие се обидуваат да го преобликуваат светот исклучиво по нивни услови. Немавме избор освен да реагираме“, кажа Путин, додавајќи дека западот е соучесник во злосторствата на Украина.

    Според Путин, ако му се дозволи на Вашингтон да работи по свое, Русија ќе биде поделена на Москва, Урал и други различни региони, тврдејќи дека има писмен доказ за тоа.

    Путин го даде интервјуто по првата годишнина од почетокот на неговата „специјална воена операција“, што се обидува да ја претстави како неопходна и одбранбена борба за националниот опстанок на Русија, налик на онаа на Советскиот Сојуз против нацистите во Втората светска војна. Москва тврди дека примарната цел на инвазијата е освојувањето на целиот источен регион Донбас, за кој Путин смета дека историски ѝ припаѓа на Русија. Добар дел од Донбас и натаму е под контрола на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира