Владимир Путин изјави дека западните држави си дале автогол со воведувањето санкции за Русија поради инвазијата на Украина.
„Санкциите доведоа до влошување на економијата на западот“, кажа Путин.
Зборувајќи за состојбата на домашната економија, Путин кажа дека инфлацијата е стабилизирана, а малопродажната побарувачка се нормализирала.
„Западот очекуваше брзо да ја вознемири финансиско-економската ситуација и да предизвика паника на пазарот, колапс на банкарскиот систем и недостиг во продавници. Оваа стратегија не им успеа. Русија издржа досега невиден притисок и во првиот квартал од годината оствари историски висок трговски суфицит од 58 милијарди долари“, кажа Путин, кој, сепак, призна дека потрошувачките цени во април се за 17,5% повисоки во споредба со истиот период лани.
Рускиот претседател кажа дека санкциите лошо се одразиле во САД и во нивните европски сојузници, каде што има брз раст на инфлацијата и пад на животниот стандард.