ЗАПАЛЕТЕ ГИ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ИСИС ВО ПРВАТА АУДИОСНИМКА ОД НОЕМВРИ

    ЗАПАЛЕТЕ ГИ НЕПРИЈАТЕЛИТЕ, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ИСИС ВО ПРВАТА АУДИОСНИМКА ОД НОЕМВРИПовторно демантира дека е мртов. - Абу Бакр ал-Багдади (Фото: АП)

    Лидерот на Исламска држава во најновата аудиоснимка им нареди на своите следбеници да ги запалат непријателите насекаде и да ги нападнат медиумските центри на неверниците. Екстремистите тврдат дека гласот му припаѓа на Абу Бакр ал-Багдади.

    Мистериозниот лидер на ИС, кој во јавност се појавил само еднаш, исто така се заколна дека ќе ја продолжи борбата и им оддаде признание на џихадистите, и покрај неодамнешните тешки загуби во Мосул.

    „Вие, војниците на калифатот и херои на исламот, запалете оган против вашите непријатели!“, вели гласот од снимката.

    Снимката која трае 46 минути беше поставена на сајтот од којшто џихадистите редовно се огласуваат, но ова е прв ваков говор уште од ноември минатата година.

    „Се уште работиме на тоа да ја потврдиме веродостојноста на снимката, но засега немаме причини да се сомневаме во тоа. Гласот доста личи на тој од претходните снимки“, изјави извор од американското разузнавање.

    Во јуни, руските власти изјавија дека постои голема веројатност дека ал-Багдади загинал во руските воздушни напади на предградијата на Рака, но, како и при сите претходни шпекулации, немаше официјална потврда за ова.

    Никој со сигурност не знае каде престојува ал-Багдади, но се верува дека тој се наоѓа во деловите на Сирија кои се уште се под контрола на ИСИС.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира