ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ЛАНСКИОТ НАПАД ВО КОНЦЕРТНА САЛА ВО МОСКВА, КОГА БЕА УБИЕНИ 149 ЛУЃЕ, ОБВИНЕТИ СЕ 19 ЛИЦА

    ЗАПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА ЛАНСКИОТ НАПАД ВО КОНЦЕРТНА САЛА ВО МОСКВА, КОГА БЕА УБИЕНИ 149 ЛУЃЕ, ОБВИНЕТИ СЕ 19 ЛИЦАЧетворицата напаѓачи се идентификувани како Таџикистанци и беа уапсени неколку часа по нападот (Фото: АП)

    Повеќе од една година по пукањето во концертна сала во Москва, денеска под силно обезбедување започна судењето на 19-темина обвинети за нападот во кој беа убиени 149 луѓе, а над 600 без повредени.

    Фракција на Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот од 22 март 2024, кога четворица напаѓачи упаднаа во салата „Крокус“ и почнаа да пукаат, по што подметнаа пожар. Без да изнесат докази, Владимир Путин и високи руски функционери тврдеа дека Украина е вмешана во нападот, што Киев го негираше.

    Истражниот комитет на Русија во јуни заклучи дека нападот бил планиран и извршен во интерес на сегашната власт на Украина за да се дестабилизира политичката ситуација во Русија. Исто така беше наведено дека четворицата напаѓачи се обиделе да избегаат во Украина.

    Тие се идентификувани како Таџикистанци и беа уапсени неколку часа по нападот.

    Комитетот претходно оваа година соопшти дека шест лица се обвинети во отсуство за наводно регрутирање и организирање на обуката на четворицата. Останатите се обвинети дека им помагале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира