ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ ПОРАДИ ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА, ВООРУЖЕН МАЖ УПАДНА СО АВТОМОБИЛ НА ПИСТАТА

    ЗАТВОРЕН АЕРОДРОМОТ ВО ХАМБУРГ ПОРАДИ ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА, ВООРУЖЕН МАЖ УПАДНА СО АВТОМОБИЛ НА ПИСТАТАВо колата се наоѓаат двајца луѓе, вклучувајќи 4-годишно дете (Фото: ДПА)

    Полицијата на Хамбург се справува со заложничка драма на аеродромот, кој останува затворен откако вооружен маж синоќа упадна на пистата со автомобил. Во него се наоѓаат двајца луѓе, вклучувајќи дете.

    Сите полетувања и слетувања се во прекин и полицијата утрово соопшти дека ситуацијата и натаму не е решена.

    Полицијата е во контакт со 35-годишниот возач, кого сопругата го пријави за киднапирање на нивното четиригодишно дете. Весникот „Билд“ објави дека станува збор за турски државјанин.

    Веруваме дека во позадината на ситуацијата е спор околу старателство“, соопшти полицијата.

    Осомничениот двапати истрелал во воздух и фрлил запалени шишиња од автомобилот откако ја пробил безбедносната ограда на пистата. Автомобилот сега е паркиран под еден авион.

    Во моментов имаме статична заложничка ситуација. На терен се специјални сили и психолози специјализирани за преговарање“, кажаа од полицијата. 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира