Поранешна затворска службеничка во Англија е осудена на 15 месеци затвор откако била снимена како има секс со затвореник. Линда де Соуса Абреу била препозната од еден вработен во затворот во Вондсворт во јужен Лондон откако снимката се проширила на интернет.
„Постапките на Абреу за помалку од еден ден ги поништија сите години работа на женскиот персонал во машките затвори“, изјави гувернерот на Вондсворт.
Триесетгодишната Абреу била уапсена на аеродромот „Хитроу“ во Лондон пред да се качи на авион за Мадрид заедно со татко ѝ. Таа претходно се изјаснила како виновна за недолично однесување во јавна служба.
Абреу и затвореникот биле снимени во ќелија меѓу 26 и 28 јуни. Таа признала дека имала секс со него неколкупати.