ЗАВРШИ ОПЕРАЦИЈАТА НА КОСОВСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО СО НАД 20 УАПСЕНИ, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА АКЦИЈАТА НЕМА ВРСКА СО КРИМИНАЛ

    ЗАВРШИ ОПЕРАЦИЈАТА НА КОСОВСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО СО НАД 20 УАПСЕНИ, ВУЧИЌ ВЕЛИ ДЕКА АКЦИЈАТА НЕМА ВРСКА СО КРИМИНАЛКосовските медиуми објавија дека меѓу уапсените има Срби, Албанци и Босанци кои работеле во полиција (Фото: АП)

    Повеќе од 20 луѓе се уапсени во денешната акција на специјалната косовска единица РОСУ на северот на Косово, во која, според српските медиуми, е уништен дел од селото Доње Вараге.

    Тоа е последното разгорување на тензиите помеѓу Белград и Приштина, што косовските власти го опишаа како „операција против шверц и организиран криминал“.

    „Големите сили реагираа и кажаа дека ова нема врска со борбата против криминал, туку е пречекорување на мерките. Од сите уапсени, дали двајца-тројца имаат врска со криминал. Тоа е само изговор за заплашување на српскиот народ“, изјави претседателот Александар Вучиќ, кој претходно ја стави војската покрај границата во состојба на борбена готовност.

    Косовските медиуми објавија дека меѓу уапсените има Срби, Албанци и Босанци, кои работеле во полиција.

    Вучиќ нагласи дека косовските сили пукале со боева муниција во Зубин Поток, а српските медиуми кажаа дека има повеќе повредени.

    Косовските специјалци се повлекоа од подрачјето на Зубин Поток по петчасовна операција, при што била направена значителна материјална штета на куќи и автомобили, објави агенцијата „Танјуг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира