ЗАВРШИ ШТРАЈКОТ ВО „БОИНГ“, ВРАБОТЕНИТЕ ПРИФАТИЈА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 38%

    ЗАВРШИ ШТРАЈКОТ ВО „БОИНГ“, ВРАБОТЕНИТЕ ПРИФАТИЈА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА 38%Штрајкот го чинеше „Боинг“ десет милијарди долари (Фото: АП)

    Вработените во „Боинг“ ја прифатија најголемата понуда на компанијата, завршувајќи го седумнеделниот штрајк. Тие ќе почнат да се враќаат на работа од денеска, најдоцна до 12 ноември, објави синдикатот на машинисти и работници во воздухопловството (ИАМ).

    Според новиот договор, вработените ќе добијат покачување на платите од 38% во следните четири години. Тој вклучува и еднократен бонус од 12.000 долари и промена на плановите за пензионирање.

    Штрајкот на повеќе од 30.000 вработени во „Боинг“ почна на 13 септември, што доведе до драматично забавување на производството во фабриките и до продлабочување на кризата во компанијата.

    Ова е победа, можеме високо да ги кренеме главите“, изјави лидерот на ИАМ, Џон Холден, откако договорот го поддржаа 59% штрајкувачи.

    Синдикатот првично бараше зголемување на платите за 40% и потоа одби две понуди од компанијата. Штрајкот го чинеше „Боинг“ десет милијарди долари.

    Во октомври, компанијата пријави оперативни загуби од четири милијарди долари за претходните три месеци. Минатата недела започна со продажба на акции со цел да собере повеќе од 20 милијарди долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира