ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА СИРСКИ ПО НЕКОЛКУ ДЕНА ПРОТЕСТИ

    ЗЕЛЕНСКИ ГО СМЕНИ ШЕФОТ НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА СИРСКИ ПО НЕКОЛКУ ДЕНА ПРОТЕСТИМногумина го обвинуваа Сирски за командување во советски стил и дека не бил спремен да спроведе радикални промени во војската (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски го смени шефот на украинската војска Олександр Сирски по шест дена протести, кои почнаа по разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Дополнително беше потврдено дека Федоров бил сменет поради конфликтот со Сирски, кого многумина го обвинуваа за командување во советски стил и дека не бил спремен да спроведе радикални промени во војската.

    Армијата што водеше тешка одбранбена кампања пред две години сега е во офанзива. На мојот наследник му предавам армија која не само што ја држи линијата, туку напредува. Искрено се надевам дека оваа офанзива ќе продолжи“, рече Сирски.

    На негово место доаѓа 43-годишниот Михајло Драпатји, досегашниот заповедник на здружените сили, кој е дел од новата генерација украински офицери, чии кариери беа обликувани во борба со руските сили.

    Во видеообјава на социјалните мрежи, Зеленски му се заблагодари на Сирски за неговите воени кампањи, вклучително и неговата улога во успешната одбрана на Киев во првите недели од целосната руска инвазија во 2022. Зеленски откри дека претходно се сретнал со Федоров и му понудил „достојна позиција во власта“, но не кажа дали понудата е прифатена. Федоров минатата недела беше заменет од Евгениј Хмара, поранешен висок функционер во Службата за безбедност на Украина.

    Хмара засега останува на позицијата. Зеленски побара од него и од Драпатји да смислат нова одбранбена стратегија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира